ФОТО: Невремето предизвика неред во Скопје - паднати гранки врз автомобили

Вчера попладнето започна невреме во неколку градови низ Македонија. Невремето проследено со поројни дождови, грмежи и силен ветер предизвика кршење на гранките на дрвата во Гази Баба.

ЈКП „Гази Баба“ на својот Фејсбук профил објави фотографии на кои се гледаат последиците од невремето.

„Во текот на денешниот ден а како последици од невремето со дожд и ветар на територија на Општина Гази Баба, добивме повик дека во населба Автокоманда има паднато неколку суви дрвја по кои што ЈКП "Гази Баба 2007" веднаш реагираше и истите навремено ги одстрани“, стои во опис на фотографиите.