
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска објави метео аларм со најва за невреме.
Според метео алармот се очекува нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи на територијата на целата држава.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.
Исто така, од УХМР за утре најавија дека претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи, при што локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.
До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.