Фото: Неверојатно висока сметка во Охрид

Охридска класика. Секоја година истата песна. Рака на срце, годинава и немаше многу туристи кои се жалеа на високите цени, но да не заборавиме, сезоната во Охрид го доживува врвот во август. 

Не дека сите угостители се исти. Голем број од нив ја научија лекцијата од претходните години, но ете, се уште има и такви кои сакаат брзо да заработат.

Јасно е, сега охриѓани ќе почнат да се лутат и да негодуваат. Ќе не потсетуваат дека има локали каде што можеме евтино да јадеме и да уживаме, ама веројатно ќе мора да се согласат, цениве се надувани.