На социјалните мрежи утрово повторно беа споделени фотографии на кои се гледа како градежна механизација повторно го уништува зеленилото и дрвјата во општина Аеродром. Во објавата споделена од Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ таа потсетува дека на ова место до скоро имаше трева која денес ја нема и го прашува градоначалникот дали има нешто да изјави:
Претходно, на социјалните мрежи граѓаните објавија фотографии на кои се гледа дека механизација на општина го копа паркот со авионот за да се постави вртелешката од плоштад на ова место.
Двете објави и фотографиите останаа без коментар и не предизвикаа никаква реакција или одговор од страна на општинската администрација.