Летото полека го зема сиот свој замав, па како и сите обични луѓе и познатите личности ги користат сончевите денови за да ги наполнат батериите, најчесто некаде на море.

Еве каде  се сончаат македонските ѕвезди:

Калиопи изминатиот период престојуваше во Турција каде уживаше во приморската убавина на оваа земја.Таа сподели фотографии од својата посета на Анталија и Аланија.

Каролина Гочева и Михаил Корубин повторно летуваат на Миконос. 38-годишната пејачка и познатиот уметник во друштво на пријатели уживаат на прекрасниот грчки остров.

Викторија Лоба одлучи да се дистанцира од градската врева и отпатува на Санторини.

Катарина Ивановска е на семеен одмор. 29-годишната манекенка заедно со синчето Вања и саканиот о патува низ атрактивни локации во покраината Апулија во јужниот дел на Италија од каде споделува фотографии.

Тамара Тодевска ужива на летен одмор. Македонската пејачка, која е бремена со второто дете, се релаксира со семејството на островот Амулијани во Грција.

Пејачката, водителка и писателка, Сузана Турунџиева, летува во Преспа со ќерката Матеа.