ФОТО: МВР вчера напиша 872 казни за брзо возење, возач фатен на радар со 250 км/ч

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на целата држава, при што санкционирани се 872 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 108 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.