ФОТО: Модната дизајнерка и фитнес инструкторка Катерина Попева се закити со златен медал!

Модата падна во втор план и тоа со добра причина.Некои од вас ја имаат запознаено како дел од ателјето „Hard to explain“, а другите, како фитнес инструкторка во „Тринити“.

Сепак, која и да е причината, оваа девојка со секојдневно вежбање и микс на бодибилдингот со пилатесот, кардио вежбите, како и пул шипката, успеа да направи тело ремек дело.

Токму тоа е и причината, таа да се закити со златен медал во категоријата бикини фитнес до 172 сантиметри во Купот на Македонија, кој се одржа изминатиот викенд.

Катерина Попевае пример за тоа колку посветеноста , упорноста и напорното вежбање во комбинација со правилна исхрана, придонесуваат да добиете совршена телесна форма!