Фото: Место скриено во подрум - им буди спомени на многу скопјани

Скриена во подрумот на Градскиот трговски центар ова е локација која им буди спомени и сеќавања на многу скопјани. Билетара на ЈСП од која жителите на главниот град долги години наназад ги купуваат своите месечни, дневни и неделни билети.

„Многу луѓе не знаат дека сеуште постои“ - вели вработената во оваа мала трафика. Но, тие што знаат со носталгија се сеќаваат на едно старо и убаво време во градот.

Инаку во моментов ЈСП располага со мрежа од 21 продажно место сместени на различни локации во Скопје.