Со голот на Дејан Манасков во последната секунда на мечот против Србија, Македонија се избори за реми и обезбеди пласман во втората фаза на ЕП во Полска.
Балканските медиуми, јавуваат за овој меч, нарекувајќи го нашиот Манасков ХЕРОЈ.
Тие ја пренесуваат изјавата на левото крило на македонската репрезентација.
-Двата тима знаеа дека ова ќе биде тежок натпревар. Се боревме 60 минути под голем притисок. Имавме повеќе среќа на крајот, постигнавме гол пет секунди пред крајот и со ова реми изборивме пласман во главната фаза.