Фото: Македонските ракометари заминаа за Полска

Македонските ракометни сениори отпатуваа за Краков (Полска) за настапот на Европското првенство.

Вкупно 17 репрезентативци предводени од селекторот Ивица Обрван со чартер лет од Скопје точно на пладне, тука секако придружени и од челниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) летнаа кон намерата да се направат нови големи успеси, радости.

Се очекува после 14:00 часот да пристигнат во Краков, капитенот Кирил Лазаров посакува најмалку шест натпревари да одигра на ова ЕП.

Секако во мислите ќе биде и можност да се обезбедат квалификации за учество на Олимпијадата оваа година во Рио де Жанеиро.