
Општина Аеродром се поднови со нова механизација и опрема за, како што велат, почист, поуреден и позелен Аеродром.
„Јавното претпријатие доби нови телескопски пили, дувалки за лисја, глави за косење, мулчери, тримери и моторни косилки за трева, како и нови работни униформи и заштитна опрема за вработените“, наведуваат од Општината.

Оттаму посочија дека со современа механизација и подобри услови за работа, создаваат посилно и поефикасно претпријатие, кое секојдневно ќе се грижи за парковите, зеленилото и за јавните површини.