Фото: Кога се возеше преку Камениот мост

Далечни времиња, а за скопјани се чини како да било вчера. 

Многу спомени, сеќавања, убави моменти скопјани споделуваат во групата Стари скопјани

Скопјани се сеќаваат кога по мост се возеше, автомобили, автобуси. Но денеска истиот е наменет само за пешачење. 

Стариот Камен мост на реката Вардар ги поврзува плоштадот Македонија на десниот брег и Скопската Стара Чаршија на левиот брег од реката. Од своето постоење па се до денес тој претрпел бројни реконструкции.