Фото: Ќе научат ли скопјани да паркираат?

Секој ден иста приказна. Ќе научат ли скопјани еден ден како е исправно за да го паркираат својот автомобил? 

Ниту паркинг места, ниту катни гаражи, најубаво е на тревник, на тротоар или пак на велосипедска патека. 

На Фејсбук страната Ѕид на сообраќаен срам, дневно по најмалку десет фотографии се споделуваат од тоа како скопјани паркираат во главниот град. 

Имаат ли скопјани сообраќајна култура?