Фото: Километарски колони на граничните премини Табановце и Богородица

Пред граничниот премин Богородица, за влез во Грција има километарски колони возила а граѓаните кој тргнале на одмор во соседната држава велат дека наводно се чека со часови.

И изминатите денови граѓаните беа револтирани поради долгите чекања на границите, иако надлежните тврдеа дека не се чека повеќе од еден час.

Најголемите гужви се на граничните премини Табановце и Богородица.

„На Граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 60 минути, а на Богородица за излез се чека околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“- велат од АМСМ.