Фото: Кејот на Вардар гори секое утро, надлежни, што чекате?!

Секое утро гори и се крева црн чад од импровизираните населби на кејот на Вардар. Оваа слика е од изутрината, од дел од луѓето кои се рекреираат секое утро по патеката. И тврдат дека не е прв пат, туку дека вака е буквално секој ден.

И сега следат купишта прашања: Нели градот вети справување со палењето кој каде стигне? Нели инспекторите требаше да ги ловат тие што горат гуми и слични други материјали? Или се чекаат дроновите што Град Скопје ги побара, за од птичја перспектива да се направи филм, независно што секојдневно низ очите на граѓаните до Шилегов стигнуваат фото – докази? Што се презема против загадувањето, уште малку е есен? Одговори, очекувано нема.

Изгледа надлежните чекаат на иницијативите како онаа „Не биди ѓубре“, да ја искоренат и оваа импровизирана населба, како што луѓето доброволно го исчистија Скопје. Ама па, во тој случај, ако и натаму ништо не се преземе, граѓаните ќе знаат кого да „искоренат“ од власта кога ќе дојде денот на гласање.

СкопскоЕхо