(ФОТО) Казна од 20.000 евра за фирма од Батинци чиј камион незаконски фрлал отпад од градежен шут во Долно Лисиче

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат бил камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.

Од страна на општинскиот инспекторат издаден бил прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот.

За сторениот прекршок изречена е глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.

„Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината. Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“, порачаа од Општина Аеродром.

Неодамна градоначалникот Дејан Митески сподели видео објава од настанот.