Фото: Карамбол на Партизанска - верижен судар помеѓу десетина возила

Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалку на булеварот Партизански одреди во близина на Сити Мол, во која неофицијално има само еден повреден.

Несреќата се случи околу 21 часот веднаш до бензинската на Окта на партизанска каде четири моторни возила од засега непознати причини во страотен судар и меѓусебен карамбол излетале од коловозот и удриле во банкината од булеварот.

Според зборовите на очевидците до сообраќајката дошло кога еден од возачите кој највероватно се претпоставува дека е матурант, од засега непознати причини удрил друго возило кое се движело во истата насока и каде двете подоцна влетале во други две возила кои во исто време се обраќале во истата насока.

Извори за Скопје Инфо брифираат дека предизвикувачот на несреќата веднаш се дал во бегство, а полицијата успеала да го совлада дури во населбата Авто Команда.

На лице местото по несреќата веднаш дојде амбулантно возило и полициски патроли. Булеварот во моментов е затворен за сообраќај.

Повеќе фотографии од несреќата може да погледнете тука.