ФОТО: Како изгледаше Јана Бурчевска на евровизискиот црвен тепих во Киев

Пред почетокот на првата полуфинална вечер на Евровизија, се одржа свеченото отворање на 62. издание на изборот за најдобра песна во Европа.

На црвениот тепих во Киев, претставниците на секоја држава дефилираа заедно со своите тимови.

Нашата претставничка Јана Бурческа шармираше во зелен фустан со шлиц додека позираше пред бројните фоторепортери.

Креацијата е дело на дизајнерката Антонија Ристовска, а за шминката и фризурата очигледно се погрижил Александар Дадар, кој сподели фотографии со 23-годишната пејачка.

Јана ќе настапи со „Dance Alone“ во рамките на втората полуфинална вечер на 11 мај. Големото финале ќе се одржи на 13 мај.