Фото: Југоносталгија - еве како изгледаше пионерската книшка

Помладите генерации можеби никогаш ја немаат видено, но постарите, многу добро знаат за што станува збор. 

На прв поглед една сосема обична книшка, но со многу големо значење. 

Југоносталгија ги фаќа Македонците на овој ден, за овој момент, за оваа мало парче харија, кое буди многу спомени, кои никогаш не се забораваат. 

Еве како се сеќаваат Македонците на тоа време, споделувајќи спомени по форумите: 

- Ех да можат да се вратат некои сегменти од тоа време, кога сите биле еднакви, сите работеле и имале еден среден живот и се знаело ред што е...

-Се инашетавме поштено во тоа време, од Вардара па до Триглава.  Дружба невидена.Секој четврток (скоро секој) зборно место - железничка станица 22:45. Колку само со исчекување чекавме тетката да каже - експресниот воз од Атина преку Скопје за Белград, Загреб е поставен на првиот колосек  Се организираа младински средби, извиднички натпревари по цела ЈУ. Интересно беше ( и многу убаво) што нас Македонците сите не сакаа. Во тоа време да бидеш избрана за училишна претстава , да читаш некој реферат, облечена во плисирана сукњичка (тегет), бела кошила и црвена марама беше вистинска радост.

-Се сеќавам дека во тоа време сите беа насмеани. Се сеќавам дека не заклучувавме врата, дека сите бевме исти според имотната состојба. Се сеќавам на едно среќно време, кога имаше зошто да сонуваш за иднината.