(ФОТО) ЈСП ги светна автобуските постојки - акцијата за чистење продолжува и денес

Од ЈСП-Скопје информираа дека акцијата за чистење на автобуските постојки продолжува и денес.

„Автобуските постојки се дел од секојдневието на илјадници граѓани. ЈСП Скопје се грижи за нивното чистење и одржување, но за да останат чисти и уредни, потребна е и заедничка одговорност“, посочија од ЈСП.

Оттаму апелираат до сите корисници и граѓани да помогнат во одржувањето на чистотата и да не се фрла отпад на постојките и во нивната околина.

„Чистата постојка е заедничка одговорност. Со малку повеќе грижа од секој од нас, можеме да направиме голема разлика. Да не фрламе отпад. Да ги чуваме автобуските постојки чисти“, порачуваат од јавното претпријатие.