(ФОТО) Јон Фрчкоски даде оставка од функцијата во СДСМ по обвинувањата дека користел кокаин

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ, Јон Фрчкоски објави дека се повлекува од функцијата во партијата, по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека бил виден како користи кокаин и го повикаа да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци.

- Ниско и нечовечно е да се дефокусира јавноста за катастрофалниот начин на којшто се води истргата за трагедијата во Кочани во која згаснаа животите на 59 луѓе. Тоа зборува за ДПМНЕ но јас нема да дозволам да бидам месо за јавен линч. За грешките од минатото и слабостите во младоста не се гордеам, но нема да бидат товар за СДСМ, партијата којашто ги разоткрива сите криминали на ДПМНЕ. Од морални причини се повлекувам од позицијата Директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ. Фала на семејството и пријателите за поддршката во целава гнасна хајка во која ме втурнаа платениците на ДПМНЕ, напиша Фрчкоски на својот фејсбук профил. 

Инаку, од ВМРО-ДПМНЕ го повикаа синот на познатиот политичар Љубомир Фркоски, Јон Фрчкоски, да направи нарко тест, но и повикаа на одговорност од СДСМ. Се покрена и прашањето за локацијата каде се случува ова. 

Фотографијата која кружи на социјалните мрежи подолу!