ФОТО: Изрешетаното „Ауди“ оставено на улица сведочи за нападот во Железара

Албанските медиуми објавуваат фотографии од возилото кое синоќа беше цел на вооружен напад.

Нападот, се случил околу 20 минути по полноќ, на улицата „Ферид Бајрам“ во скопска Железара.

Според албанските медиуми во нападот повредени се три лица.

Во текот на денот се очекуваат детали од полицијата.