ФОТО: Избрани најубавите торти на 11-та тортијада „Слатка мистерија“

Во хотел „Континентал“ се одржа 11-та тортијада „Слатка мистерија 2017“ чиј организатор е општина Гази Баба, во соработка со Хуманитарната организација Ангелчиња – ХОА.

Учествуваа слаткарници и ресторани кои професионално изработуваат торти, но и граѓани во категоријата аматери. Манифестацијата беше организирана во два дела, ревијален и официјален дел.

Во ревијалниот дел беа изложени сите торти, а имаше и неколку музички точки, додека пак во официјалниот дел беа претставени сите учесници, се лицитираше за тортите и се прогласуваа победниците.

Во музичкиот дел настапуваа:Трио Џентлмени, Антониа Гиговска, Лајв Бенд и Даниела Темелковска.

Собраните средства од лицитацијата ќе се донираат на Центарот за деца со посебни потреби во населба Железара.