Фото: Гужва и хаос од автомобили на Козјак

Поголемиот дел од жителите на Скопје ги испочитуваа препораките на здравствените власти во екот на пандемијата предизвикана од коронавирусот да останат дома за дочекот на Новата година. Според властите нарушувањата на протоколите биле спорадични, но затоа пак првиве два дена од  2021 година, убавото и сончево јниарско време максимално се користи од граѓаните на македонската престолнина да се излезе од домовите и да се прошета-рекреира на отворено по околините планини.

Вчера порталот „24 Инфо“  го посети Козјак и регистира метаж од автомобили и луѓе кои главно ја почитуваа препораката и носеа заштитни маски и на отворено. Поситителите беа дојдени да се рекреираат но и од љубопитство да го разгледаат првиот новоотворен угостителски објект во непосредна близина на видиковецот, кој сигурно во иднина ќе привлекува зголемен број на посетители. Патот кој води до видиковецот кон акумулацијата Козјак беше претесен да ги прими сите намерници кои со своите автомобили тргнале сончевото претпладне да го минат во природа. Поради немање на соодветен паркинг простор, долга колона автомобили беше паркирана речиси на едната коловозна лента, а не беше мал бројот на оние кои своите „љубимци на четири тркала“ ги искачиле на полјанките покрај патот.

Сето тоа создаде метеж и колони како одминуваше денот кога сите побрзаа да се вратат назад во своите домови.

Фото: 24 Инфо