Фото: Граѓаните да не ги блокираат паркинзите и улиците со предмети

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во изминатиот период отстранија незаконски поставени предмети на улиците и паркинзите кои го блокирале сообраќајот и паркирањето.

- Ги замолуваме жителите да не ги практикуваат овие активности на блокирање пристап, а во наредниот период ќе се продолжи со засилен инспекциски надзор и отстранувања од надлежните служби, соопштија од претпријатието.