(ФОТО) Градски парк до вчера уште не бил расчистен по невремето од пред неколку дена?

Во Фејсбук групата „Стари Скопјани“ еден нејзин член сподели повеќе фотографии од паднати дрвја и стебла во Градски парк во Скопје, за кои вели дека се настанати по невремето кое го зафати градот од пред неколку дена. Тој исто така вели дека дел од фотографиите се направени од пред неколку дена, а дел од неговата, како што вели вчерашна прошетка.

„Признавам, како новинар не би поминал добро. Зошто? Па, едноставно затоа што објавувам "вести" со закаснување од неколку дена. Силен ветер го погоди Градот и направи бројни штети. Не беше поштеден ни градскиот Парк. На вчерашна прошетка, снимив и дел од оштетеното зеленило“, гласеше натписот над објавата.

Судејќи според натписот на објавата, може да се заклучи дека дел од штетите и паднатите дрвја или стебла до вчера се уште се расчистени во Градскиот парк.

Дали Градски парк се уште не е целосно расчистен и по неколку дена од невремето?