ФОТО: Градоначалникот Трајановски на Матка во пресрет на празникот Голема Богородица

Денеска е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица. Граѓаните се собираат пред верските храмови и го слават името на Мајката Божја, сплотени и во радост.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски вчеравечер беше дел од големиот број на верници кои се собраа пред манастирот на Матка.

Во една весела атмосфера, на ова место секоја година се чествува овој голем ден во нашата религија. Граѓаните на Скопје во духот на традицијата, со убави желби, молитва, но и ора и песни, на Матка си го честитаат празникот Голема Богородица.

Вчера и денес на ова свето место граѓаните сплотени го слават големиот празник. Сите верници се добредојдени.

По повод одбележувањето на православниот празникот кај народот познат како Голема Богородица, во манастирот ќе се одржи вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.

Успение на Пресвета Богородица (познат и како Манастир Матка) — манастир во кањонот Матка веднаш на левиот брег на реката Треска, по браната на езерото Матка, на околу 17 км од центарот на градот Скопје. Тој е активен манастир во кој постои женско монашко сестринство. Неговиот патронен празник, меѓу народот познат како „Голема Богородица“, се одржува секоја година на 28 август, при што манастирот секогаш е посетен од илјадници скопјани кои учествуваат на големата општонародна веселба проследена со манастирска трпеза (гравче) и музика. Многу е веројатно дека кањонот и пошироката област го добиле името Матка токму поради овој манастир посветен на Мајката Божја, чие име на старословенски (црковнословенски) е мать(мат).

cheap nike free run 5.0