Фото: Градоначалникот Трајановски го искачи Водно со велосипед

По повод Европската недела на мобилноста, денеска градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, на 61 една година се качи на Водно со велосипед, првпат во својот живот.

На паркингот на Средно Водно денеска се одржа големиот велопикник, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.

По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците имаа можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш да уживаат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Минатата година Градот Скопје беше најуспешен и се вброи меѓу трите европски града со најдобри решенија за одржлива мобилност во трката за наградата на Европската недела на мобилност 2016, заедно со градовите Малме и Лисабон.