ФОТО: Горно Лисиче доби кошаркарско игралиште

Заврши изградбата на ново спортско игралиште во Горно Лисиче во близина на улицата „Тодор Чангов“, поточно кај последната автобуска станица број 17.

-Во новото игралиште се поставени два коша, а на платото има и додатна урбана опрема со клупи и канти за отпадоци. Кошаркарското игралиште, кое е направено на барање на локалното население, е наменето за граѓаните, стои во соопштението од општината.