Фото: Големото платно во City Mall најавува нешто ново и вкусно во градот

Рекламата поставена во Skopje City Mall го најави отворањето на првиот KFC ресторан кој треба наскоро да започне со работа во Скопје.  Со повеќе од 20 илјади продажни места во повеќе од 123 земји, светскиот бренд KFC официјално влегува во Македонија. 

Според информациите на Скопје Инфо првиот ресторан треба да започне со работа на средината на септември во Скопје. Истиот ден започнува со работа и ресторанот во Тетово.

До крајот на октомври ќе биде отворен вториот ресторан во Скопје, а третиот се очекува да ги отвори вратите до крајот на оваа година.

Вкусното и крцкаво пилешко до крајот на годината ќе може да се ужива на четири локации во Македонија, а веќе наредната година планирана е поширака мрежа на ресторани.