Фото: Голема полициска акција синоќа низ Скопје

Во периодот од 18.00 часот на 11.08.2018 до 01.00 часот на 12.08.2018 година од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделението за сообраќајно-ескортно обезбедување, беше спроведена акциска контрола на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои организираат и учествуваат во диви трки.

Од страна на полициски службеници привремно се задржани девет мотоцикли, поради сомнение на вградување на одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените-издувни системи по член 53 од Законот за возила и тие ќе бидат упатени на вонреден технички преглед.

По однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, преземени се вкупно 62 мерки за сторени сообраќајни прекршоци.