(ФОТО) Ѓорче се поднови со ново возило наменето за поефикасна работа во одржувањето на јавните зелени површини

Општина Ѓорче Петров набави ново мултифункционално возило, наменето за поефикасна работа во одржувањето на јавните зелени површини. 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се пофали дека возилото е веќе на терен и дека воведуваат поодржлив пристап кон животната средина преку мулчирање - процес со кој органската маса се враќа во почвата, придонесувајќи за нејзино природно збогатување и намалување на отпадот.

„Во таа насока, набавено е ново мултифункционално возило - специјализиран мулчер, наменет за поефикасна работа на терен и подобро одржување на јавните зелени површини“, истакна Стојкоски во објавата на Фејсбук.

Тој порача дека работат на конкретни чекори што носат видлива разлика на терен - почисто, поуредено и пофункционално Ѓорче Петров.