(ФОТО) ФФМ го претстави новиот дрес на македонската репрезентација

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) со гордост го претстави новиот дрес на македонската репрезентација.

„Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж. ФФМ и Adidas, едноставено, но кажува доволно“, велат од ФФМ во објавата на Фејсбук.

За дресот велат дека симболизира стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен.

„ФФМ е дел од програмата во рамки на UEFA Kit Assistance Scheme. Националните асоцијации користат ексклузивната ADIDAS „Locker Room“ услуга за дизајн, која нуди широк спектар решенија за креирање на тимска опрема“, додаваат од Фудбалската федерација.