Фото: Еве што остана од таксито во кое загинаа двете лица на Партизанска

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која вчера околу 4 часот по полноќ се случи на булеварот „Партизански одреди“, спроти „Симпо“. Од здобиените повреди на самото место животот го загубија возачот и сопатничката, 35-годишниот Владимир А. и Кристина С. (37).

Утрово возилото кое беше кобно за двајцата скопјани стоеше на паркинг-просторот пред полициската станица во населба Лисиче. Видно оштетно од десната страна и со испукани воздушни перничиња, јасно може да се види дека силината на ударот била огромна.

Според информациите до кои дојде „Република“, возачот на такси-возилото, 35-годишниот Владимир А., имал тежок животен пат. Тој рано отанал без родители, а како што велат колегите од такси-компанијата за која возел, веќе подолго време имал финансиски проблеми како и нерешено стамбено прашање. Дури ниту возилото со кое заработувал за егзистенција, не било лично негово, туку за да го вози плаќал дневен надомест на сопственикот.

Според полициски извори, двајцата имале испиено големо количество алкохол и по излегување во град, тргнале накај дома. Возилото „мерцедес“, според полицискиот увид, се движело со огромна брзина по празниот булевар.

Во еден момент А.В. загубил контрола над возилото, удрил во бетонската жардинера, а потоа во дрворедот крај булеварот. Од силината на ударот прв загинал возачот, а потоа и жената.

Фото: Република