Фото: Еве како изгледа руинираното БМВ од министерството на Груби

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Сотилковиќ пред неколку дена во изјава за медумите кажа дека возило вредно 60 илјади евра било пронајдено во катастрофална сосојба во сервис каде наместо поправка од него биле вадено делови и истите биле користени за потребите на сервисот.

„Најновата злоупотреба која пред некој ден е откриена а тоа е возилото џипот БМВ кое е во сопственост на Министерството е најдено во поприлично лоша состојба во еден од сервисите во кое се вршело порано поправката на возилото на Министерството. Тука веќе е ангажирано Министерството за внатрешни работи. Не сакаме да го подигнеме. Бараме записници, нема записници како е предадено, а сведоците велат дека е предадено во нормална состојба. Тој џип е вреден 50-60 илјади евра. Не можам да утврдам за што бил користен, меѓутоа можам да пренесам дека сега личи на „очерупена кокошка“. Јавноста кога ќе ги види сликите ќе процени како може еден сериозно скап автомобил од Министерството да биде оставено на милост и немилост на сервис каде се извадени вратите, извадени се делови од него“, рече Стоилковиќ.

Имено, информацијата за откриена нова злоупотреба со имотот на Министерството за односи меѓу заедниците, а која се однесува на возилото марка БМВ пронајдно во лоша состојба во сервис за поправка во прилог се фотографии од возилото.