
Службите на Општина Карпош ја исчистија депонијата кај мостот Газела, со што просторот повторно е уреден и побезбеден за граѓаните, информираа денеска од Општината.
Од таму посочија дека секојдневните акции за чистење на општинските служби се во насока на подобрување на животната средина и придонесување за почиста и поуредна општина.

Воедно, апелираа до сите граѓани да го чуваат овој простор чист, отпадот да го одлагаат на соодветни места и заеднички да спречат повторно создавање диви депонии.