(ФОТО) ДЗС: Отстранети опасни гранати во кумановско и од водата на Охридско Езеро

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) отстрани опасни неексплодирани експлозивни средства (НУС) – гранати и други оружја од минатите војни во почетокот на август, што беа пронајдени и во Кумановско и на крајбрежјото, во водата на Охридско Езеро, со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции од државата.

Конкретно, од ДЗС наведуваат дека ги отстрануваат согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се до нивно целосно уништување, преку вработените пиротехничари.

„Прво беа отстранети две артилериски 75-милиметарски гранати кај село Мургаш, Кумановско. Потоа, од Охридско Езеро близу брегот кај Љубаниште, е пронајдена рачна бомба од Прва светска војна. Интервенциите беа спроведени од ДЗС во координација и со соодветни мерки со повеќе институции со МВР, при што во Охридско помагаше СВР Охрид со езетската полиција на пиротехничарот на ДЗС, Зоран Пејев“, велат од ДЗС.

Оттаму посочуваат дека при пронаоѓање заостанати гранати, бомби, па и оружја од минатите војни и конфликти и се што личи на тоа, граѓаните не треба да го допираат или поместуваат, туку едноставно да се јават за локацијата со опис на тоа што виделе и пронашле, на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК, по што ќе се преземат соодветни мерки од институциите според стандардни оперативни процедури и пиротехничарите на ДЗС соодветно ќе ја остранат опасноста по граѓаните и материјалните добра.