Фото: Дворот на поликлиниката Ченто без канти за отпадоци изгледа вака

Дел од жителите на населбата Ченто алармираат на сметот кој речиси секојдневно се заткнува во дворот на поликлиниката Ченто.

-Додека луѓето кои живеат овде со децении, садат дрва и повеќе пати го чистеа дворот на поликлиниката тие кои се одговорни во четири години на милион апели не ставија ниту канта. Во тревата има паркирани возила, а ѓубрето од ден во ден станува се' поголемо, порачаа револтирани граѓани кои сподели фотографии од актуелната состојба со овој дел од градот.