
Во Фејсбук групата „Општина Аеродром - Пријави Проблем“, анонимен граѓанин сподели фотографија од пожар во реонот на Тобако 2.
На фотографијата може да се забележи пламен помеѓу две паркирани возила, најверојатно и двете зафатени од огнот.
„Ќе смрди на запалени гуми и пластика во околина на Т2. Викаат, бар не е намерно горено“, стои во натписот на објавата.
Во објавата не се наведуваат причините за пожарот.