ФОТО: Дресовите со кои Вардар ќе настапи во Келн

Дисингер и Поповски денес во фан-шопот на Вардар ги промовираа новите дресови со кои екипата на Вардар треба да настапи на ракометниот турнир во Келн.

Европската ракометна федерација објави дека за време на финалниот турнир од Лигата на шампионите во Келн на топките и на играчите ќе им бидат вградени чипови и сензори, па ќе може да се собираат подетални податоци за повеќе параметри.

На дресовите на ракометарите од Барселона, Вардар, Келце и Веспрем ќе има сензори, а чипот што ќе биде вграден во топката ќе се собираат податоците. Навивачите, тренерите и самите ракометари ќе може да видат кој колку километри истрчал, ќе се мери и највисокиот скок, како и најбрзиот рефлекс кај голманите.

Сензорот ќе биде помеѓу рамењата, ќе тежи многу малку, односно 14 грама и нема да биде проблем во движењата на ракометарите на теренот. Чипот, пак, кој ќе биде вграден во топката ќе ја мери брзината, правецот во кој ќе одат ударите, позицијата од која е изведен шутот и местото каде е пласирана топката во голот.

Завршниот турнир во ЛШ ќе се игра на 1 и 2 јуни, а Вардар ќе игра против Барселона во второто полуфинале со почеток во 18:00 часот.