(Фото) Детско игралиште вандализирано во Карпош 1

Општина Карпош сподели фотографии од нов инцидент - вандализирано детско игралиште во Карпош 1. 

- За жал, повторно сме сведоци на вандализам врз јавната и урбаната опрема, информираат од општина Карпош.

- На детското игралиште во Карпош 1 се оштетени повеќе детски реквизити, како и дел од останатата урбана опрема. Општина Карпош секоја година издвојува средства за одржување, обновување и унапредување на јавните површини, а континуирано инвестира и во поставување и реконструкција на детски игралишта и урбана опрема, наведуваат од локалната самоуправа. 

Жителите бараат да се најдат сторителите и да се казнат, а како долгорочно решение се предлага да бидат поставени камери, за полесно и побрзо пронаоѓање на сите оние кои унишуваат јавен имот.