Фото: Детална временска прогноза за наредната недела

Под влијание на циклонска активност од југозапад денес времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Денес температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени.

Од утре ќе се намали нестабилноста и повторно ќе преовладува потопло време.