
Писателот Зоран Крстевски на својата Фејсбук страница сподели објава во која вели дека наишол повеќе од 10 изгладнети кучиња на патот внатре во резерватот Јасен, за кои како што вели, веројатно се оставени од неодговорни поединци.
„Возачите што го користат преминот низ резерватот потребно е со зголемена будност и внимателност да го управуваат своето возило, поради обострана безбедност“ информираше Крстевски и повика на претпазливост.
Тој во објавата додаде и дека се надева дека надлежните ќе преземат мерки.