
Наградуваниот независен уметнички фотограф од Макеоднија, Дејан Трендов, повторно го привлече вниманието на културната сцена во Европа со едно од своите дела, а покрај креативната творба, впечатлива е и сумата на која што таа е проценета.
Имено, уметничкото дело на Трендов насловено „Veil of Memory“ е проценето на над 100.000 евра и се продава преку француската галерија Artmajeur, која важи за број еден во Европа и втора во светот, пренесе порталот „Женски магазин“.

Инаку неговата фотографија е создадена без манипулација, а снимена е низ најлон кој делува како проѕирен вел.
Трендов е познат по својата дисциплинирана и поетска практика, каде секоја фотографија е сведоштво, документ на тишина, исчезнување и издржливост. Неговите дела се препознаени од колекционери и куратори како уникатен придонес во современата фотографија, артефакти што ја поврзуваат минливоста со трајноста, интимното со универзалното.