(ФОТО) Дедо Мраз пристигна со хеликоптер: Радости за децата на припадниците на Армијата и МО

Дедо Мраз пристигна со хеликоптер и донесе моменти на радост за најмладите, носејќи новогодишни пакетчиња за децата на вработените во Министерството за одбрана и Армијата, сподели денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Тој истакна дека нивната возбуда и насмевки ја исполниле празничната атмосфера и го создале вистинскиот дух на новогодишните празници, оставајќи трајни убави спомени.

„Во пресрет на Новата година, традиционално, заедно со Претседателката на Македонија и началникот на Генералштабот на Армијата, остваривме видеоконференциска врска со нашите мировници кои во моментов извршуваат задачи во мисиите и операциите во Либан, Латвија, Романија, Бугарија, Косово, Босна и Херцеговина и Германија, посочи Мисајловски.

На видеоконференцијата, на која присуствуваа и членови на нивните семејства, министерот рече дека упатиле пораки на поддршка и признание, со јасна определба дека и понатаму ќе се грижат за нив и за нивните семејства.

„Нивната посветеност и храброст се силна потврда за нивната улога и значење“, нагласи Мисајловски.