ФОТО: Дали знаете кој објект се наоѓал на денешниот паркинг-простор кај „Холидеј ин“?

На местото каде што е сега паркинг-простор спроти хотелот „Холидеј ин“, на кој наскоро ќе се градат згради порано се наоѓал УКИМ. 

Зградата нсатрадала во катастрофалниот земјотрес во 1963 година и затоа морало да биде срушена.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети. Денес, тој претставува заедница на 23 факултети, 5 научни институти, 4 јавни научни установи – придружни членки, 1 придружна членка – друга високообразовна установа и 6 придружни членки – други организации. Неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.