Фото: Дадилката која го претепа 2-годишното дете, пренесена во затворот во Шутка

Дадилката Живка П. која пред два дена на камерите во игротеката „Дежаву“ беше фатена како претепува двегодишно дете, е спроведена во истражниот затвор во Шутка, откако ѝ беше определен 30-дневен притвор. Од фотографиите до кои дојде „А1он“ се гледа како 59-годишната дадилка со лисици на рацете ја изнесуваат од обвинителството.

Дадилката ќе одговара за кривично дело запуштање и малтретирање на дете од чл.201 од Кривичниот законик, за кое е предвидена затворска казна од една до десет години затвор.

Настанот се случи во четвртокот кога кога сопственикот на игротеката „Дежаву“ пријавил дека околу 11 часот при проверка на безбедносните камери забележал како женско лице во игротеката физички малтретира дете.