(ФОТО) „Безбедни училишни коридори не се прават без да се вклучи мозок“ - револтирана скопјанка за тротоарите кај ООУ „Коле Неделковски“

Денеска скопјанката Јана Белчева сподели повеќе фотографии на кои се гледаат повеќе возила кои паркирале кај што „се снашле“, на што оваа скопјанка вели дека безбедни училишни коридори не се прават без да се вклучи мозок.

Како што е посочено во објавата, фотографиите се направени кај „ООУ Коле Неделковски“.

„Полошо од 2015 кога заради жртва протестиравме, па се ставија столбчиња, па донесовме одлука за временски интервали за дотур….Ама потоа се изградија уште згради тука, се натрупаа коли од двете страни на улицата, се направи паркинг за школото со влез преку тротоар и се уништи се што претходно се постигна. Дали ќе се третира како несреќа или како пропуст на системот за да нѐ штити. Ништо не е несреќа, се е последица на лоши, погрешни и глупави одлуки, вели Белчева во објавата.

Нејзината објава беше споделена и од Шанса за Центар, кои велат дека годинава рамно 10 години како барале општината да ги ослободи тротоарите.

„Годинава рамно 10 години како бараме општината да ги ослободи тротоарите, особено околу училиштата. По овие улици се движат покрај ние и нашите деца и децата на партиските членови. Како не ги фати срам 10 години од нивните деца!?“, велат од Шанса за Центар.