ФОТО: Беснее голем пожар во близина на Арачиново

Во близина на скопско Арачиново доцна вечерва избувна пожар, пренесува Мкафакс.

На местото каде избувна пожарот пристигнаа екипи на противпожарната бргида, но дел од жителите велат дека на пожарникарите им е тешко да стигнат до местото на пожарот, бидејќи до таму немало пат.

Засега не се знае причината за пожарот во кој според првичните информации гори сува трева.