Фото: Автомобил удри пешак пред општина Кисела Вода

Ноќеска околу 23 часот во близина на постојката пред општина Кисела Вода беше удрен човек.

Повредениот паднал на асфалтот на Булеварот Борис Трајковски, на коловозната лента која води кон центарот на Скопје.

Повеќе присутни граѓани му помагале и била повикана Итна помош. Присутните цело време ги пренасочувале и ги предупредувале автомобилите кои се движеа од Кисела Вода кон Центар за да не го удрат повредениот.

Тој останал на асфалтот и никој не го помрднувал затоа што на тој начин можеле да му ги влошат повредите.

Неколку минути по ударот, пристигнал тим на Итната помош, а по првична укажаната медицинска грижа, повредениот бил префрлен во една од скопските болници.

Автомобилот кој го повреди по ударот заврши во бандера во близина на местото на сударот.

Полицијата најави повеќе информации за настанот денес.